25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕФрапе од чоколадо и кељ против остеoпороза

Фрапе од чоколадо и кељ против остеoпороза

Идеален за почеток на денот или попладневна ужинка. Освен што е вкусен, кељот е од голема корист за вашето здравје, односно за вашите коски. Кељот поволно влијае на коските, така што ги зајакнува и ги прави поотпорни на скршеници и израстоци. Консумирајте го ова фрапе секојдневно и подобрете си го здравјето.

Се препорачува за лицата кои имаат проблеми со остеопорозата…

Состојки:

– 1 поголема банана

– неколку листови свеж кељ

– 2 урми без коски

– 1 чаша боровинки

– 2-3 коцки црно чоколадо

– 5 коцки лед

– 1 ½ чаши вода

Подготовка: сите состојки ставете ги во блендер и мешајте се додека смесата не стане хомогена. Напитокот испијте го веднаш, во помали голтки. Количината е доволна за еден оброк и за едно лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП