29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАМС додели награда од еден милион денари за младите ракометари

АМС додели награда од еден милион денари за младите ракометари

Агенцијата за млади и спорт (АМС), ѝ додели на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) еден милион денари за успехот на ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија шестото место.

„Го вреднуваме трудот на младинските категории во спортот. Само со дополнителна поддршка може да продолжиме со успешните резултати и привлекување на што поголем број млади луѓе да се занимаваат со спорт“, се вели во соопштението на АМС.

Директорот на АМС, Дарко Каевски, изјави дека континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделување на средствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП