24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗамина актерската легенда Љубиша Самарџиќ

Замина актерската легенда Љубиша Самарџиќ

Доајенот на српското и југословенското актерство, режисер и продуцент Љубиша Самарџиќ почина вечерва по тешко боледување во 81. година од животот. Веста за смртта на легендарниот српски актер ја пренесоа сите белградски медиуми.

Самарџиќ во декември минатата годија имаше тешка операција на мозокот.По операцијата, лекарите имале оптимистички прогнози, но по влошување на состојбата со леукемијата од која боледуваше подолго време, генералната здравствена состојба му се влошила.

Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Целиот свој живот го посвети на глумата, а потоа и на режирањето. Со сопругата Мирјана беше во брак 50 години, со кого го имаа синот Драган, како и ќерката Јелена од која има внуци.

Оствари бројни незаборавни улоги, но на порашените југословенски простори највеќе го паметат по улогата во серискиот филм ,,Топол ветер“, како Шурда, но и по прекарот „Смоки” кој го доби по истоимениот лик кој го толкуваше  уште во 1963 година во филмот ,,Песочен град“.

Меѓу значајни филмски улоги се вбројуваат оние во филмовите  „Битка на Неретва”, „Сутјеска”, „Бомбаши”, „Љубовниот живот на на Будимир Трајковиќ”, „Луди години”, „Работа на одредено време”, „Татко на одредено време”, „Не е лесно со мажите”, „Магарешки години”, „Убиство со предумисла”…. Глумеше и во повеќе телевизиски серии како „Враќање на отпишаните”, „Каде одат  дивите свињи”, „Подобар живот”, „Полицаецот од Петлов рид”…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП