2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо САД ќе биде прикажан филмот „Златна петорка“

Во САД ќе биде прикажан филмот „Златна петорка“

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36. издание на престижниот интернационален Филмски фестивал во Њу Џерси од 367 пријавени филмови од целиот свет.

Освен американската премиера, на 22 септември по покана на организаторот режисерот Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот „Ратгерс“ во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.

Филмот на 8 септември ќе биде прикажан на Централноевропскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 19 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, а потврдени се селекциите и на фестивали во Полска, Чешка и во Русија.

Инаку, „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-ина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија изминатата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП