21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Златна петорка“ на фестивал во Варна

„Златна петорка“ на фестивал во Варна

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски продолжува и летово со богатиот фестивалски живот учествувајќи во официјалните програми на низа светски фестивали.

„Златна петорка“ е единствен македонски филм кој ќе се прикаже на јубилејниот 25. интернационален филмски фестивал „Љубовта е таква“ во Варна, Бугарија, и тоа во програмата за дебитантски филмови. Проекцијата ќе се одржи во киносалата „Европа“ на големиот конгресен и фестивалски центар на 28 август (понеделник).​​

Инаку, филмот е селектиран на уште неколку интернационални фестивали кои ќе се одржат во септември. По гала-премиерата на „Браќа Манаки“ во Битола (каде што беше прикажан надвор од конкуренција) филмот за релативно кус период освои пет меѓународни фестивалски награди, што е редок успех за македонската кинематографија.

„Златна петорка“ е во продукција на „Револутион“ до Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП