21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ“Македонијатурист“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за првото полугодие

“Македонијатурист“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за првото полугодие

Со работењето Друштвото во шесте месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 45,89 мил. денари која е за 34% помала во однос на истиот период од претходната 2016 година или нето добивка 41,83 мил. денари која е за 33% помала од истиот период во минатата година.

Вкупните приходи во до 30.06.2017 год. изнесуваат 156,76 мил. денари и се остварени со 83% во однос на истиот период од претходната година, истите се намалени за 17% во споредба минатата 2016 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2017 год. изнесуваат 110,87 мил. денари и се намалени за 7% во однос на истиот период од 2016 година.

Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.

Со оглед на фактот дека Друштвото работеше во услови на нелојална конкуренција на пазарот и зголемен број на хотелски објекти во градот Скопје, како и под влијание од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економијата, а дел како резултат на постојната политичка криза во земјата, кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во шесте месеци од тековната 2017 година. Имајќи го во предвид напред изнесеното остварените резултати се задоволителни.

Во наредното трето тромесечие од 2017 год. Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на минатата година.

Во период од 01.01-30.06.2017 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на Македонијатурист АД – Скопје.

На 19.04.2017 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2016 година во износ од 75.730.513 денари. Дивидендата за 2016 година ќе биде исплатена во законски определениот рок.

Македонијатурист АД Скопје нема обврски по кредити и нema promeni vo нови kreditnite zadol`uvawa.

“Македонијатурист“ АД Скопје во текот на шесте месеци од 2017 направи нови вложувања во износ од 1.083.973 денари набавка на опремата и износ од 1.535.564 денари во одржување на постојната опремата во своите објекти. Своите идни инвестициони активности Друштвото во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети, за веќе комплетно реновираните објекти, инвестиционите вложувања, во помал обем ќе се насочуваат претежно кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување. Во извештајниот период Друштвото нема продажба и отпис на постројки и опрема.

Планираните активности на “Македонијатурист“ АД Скопје во 2017 год. се во согласност со сите законски регулативи, како и со стратегијата за развој на Друштвото. Тоа значи дека работењето на Друштвото се заснова на претходно предвидени активности со кои навреме се настојува и понатака да се реагира на сите промени во окружувањето. Поради фактот што основната дејност на Друштвото е хотелиерство и угостителство, основните активности на Друштвото се насочени кон подобро искористување на хотелските капацитети, кај објектите кај кои постои можност за тоа, и намалување на непродуктивните трошоци. Во таа насока да се делува на зголемување на остварениот промет и рационализација на трошоците во однос на претходната година, со цел да се утврдат причините и доколку постои можност да се делува на нив, како би се намалиле евентуално настанатите негативни отстапувања во наредниот период од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП