10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААларм: половина ниви остануваат незасеани

Аларм: половина ниви остануваат незасеани

Речиси половина Македонија е под земјоделско земјиште – ниви, лозја и пасишта, а половина од ова останува непосеано и необработено.

Од вкупната површина на државата, 25.713 квадратни километри, 12.670 кмили 1.267.000 хектари се земјоделска.

Најголем дел или 7.500 кмсе пасишта, ораници и бавчи се 4.170 км2, ливади 590 км2, лозја 240 км2, а овоштарници 160 км2.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2016-та во однос на 2015-та вкупните земјоделски површини се зголемиле за 30 км2.

Речиси половина од земјоделското земјиште е во сопственост на земјоделски претпријатија и задруги, а нешто над половина на индивидуални производители.

Статистичарите пресметале и дека речиси половина од ораниците и бавчите остануваат незасеани – од околу 4.170 км2 засеани биле нешто под 2.800 км2.

Агроекономистите велат дека ова мора да се промени – потребно е да се направат посебни програми и стратегија како да се натераат земјоделците да ги обработуваат овие површини, на пример преку дополнителни субвенции.

„Штетата што не се обработуваат е голема. Има над 50 илјади хектари кои веднаш би можеле да се обработуваат и да се насадат пред се со житни култури како пченица, пченка, ‘рж, јачмен, овес и добиточна храна. Ние сме нето увозници на сите овие култури и трошиме милиони евра. А така не само што ќе ги покриеме домашните потреби туку ќе има и за извоз“, коментираат во Земјоделскиот факултет.

Лани од засеаните површини најголем дел биле под жита (59%), потоа градинарски растенија (19%), фуражни култури (14%) и индустриски растенија (8%).

Освен слабиот процент на искористеност дополнителен проблем се малите и расцепкани парцели на земјоделците. Едно домаќинство во просек има по 5 оддалечени ниви, а голем дел од нив и до 10 со што се зголемуваат трошоците за нивна обработка.

Според официјалните податоци едно домаќинство во просек има по 5 оддалечени ниви, а голем дел од нив и до 10 со што се зголемуваат трошоците за нивна обработка.

Малите расцепкани парцели не се проблем само во Македонија туку и во целиот регион. Просечната големина на земјоделските стопанства е од 2.5 до 2.8 хектари, а на катастарските парцели 0.3 до 0.5 хектари што е далеку под европскиот просек кој изнесува 20.

Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014 – 2020 предвидува субвенции за окрупнување на површините, но засега резултатите се слаби.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП