19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладетелите на светската економија: 500-те најголеми компании

Владетелите на светската економија: 500-те најголеми компании

Августовскиот број на прилично монотониот месечен магазин „Fortune“ по традиција ја претставува листата на 500-те најголеми компании во светот според вкупните приходи. Токму поради таа листа, магазинот е важен репер во бизнис светот.

Табелата која е претставена привлекува значително внимание и надополнува се што недостига во текстовите. Еве ги првите десет компании и тоа без целосни податоци кои постојат во табелата:

Првото место неприкосновено и припаѓа на комерцијалната компанија „Wal-Mart“ и тоа непрекинато од 2002-ра година. На преминот во новиот век 1999-та го освои третото место на „Fortune“ листата, 2000-та се искачува на второто, а последните 14 години нема ривал кој ќе и го загрози првото место во светот. За оваа компанија како пример се напишани многу книги за крутата експлоатација на вработените, од кои највпечатлива е „The Wal-Mart Effect“ и преку „Amazon“ може да се купи за само 10 долари. Основна карактеристика на „волмарт економијата“ се ниските плати за вработените, лошите услови за работа, недостатокот на здравствена заштита, половата дискриминација, забраната за синдикална организација… 1.5 милиони вработени во продавниците на „Wal-Mart“ во светот ја поднесоа најголемата колективна тужба во историјата, меѓутоа американскиот Врховен суд во 2011-та година ја отфрли како доволно уверлива. Компанијата има посебен тим од адвокати кој проценува дали повеќе им се исплати да плаќаат казни или стрикно да ги применуваат прописите. Станува збор за ниво кое веќе ниту кинеските компании не го вклучуваат.

Листата е многу динамична, „Тркалото на среќа“ во овој случај не е мерено со растовите и падовите, туку од милијардите долари кои се добиени или изгубени. Најголем скок направи американската компанија „Centene“ бележејќи раст во една година за цели 226 места. Следи „China Minimetal“ со раст од 203 места. Најмал скок во групата на успешните бележи британската компанија „Prudental“ od 70 места. Рангирањето според падот на листата е за германската компанија „E.ON“ со пад од 32-ро на 231-во место односно за 199 позици. Втора е австралиската компанија „BHP Billiton“ со пад од 182 места, па неочекувано американски „HP“ зa 146 места.

Од минатогодишната листа испаднаа 33 компании и толку нови се најдоа на листата. Најфантастична е британската компанија „Legal & General Group“ која бележи раст на 49-то место, а германски „Uniper“ нa 91-во место. Тенденцијата на нашите прокапиталисти, кои сметаат дека во приватниот свет се функционира, малку се коси со фактот дека „Fortune“ ги забележува и загубарите, меѓу кои се „Unicredit“ банка со загуба од 13 милијарди долари, „Vodafon“ (-6,9 милијарди долари), „U.S. Postal Service“ (-5,6 милијарди), „Credit Suisse“ (-2,7 милијарди), „Sears“ (-2,2 милијарди)… накратко, 35 компании со вкупно 95,8 милијарди долари загуба. Ако се има во предвид дека тоа според приходите се најголемите компании во светот, тогаш нивните загуби не се така впечатливи, но се доказ дека загубите не се ендемско својство на јавниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП