4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски уметници учествуваат на „Сигет“ во Будимпешта

Македонски уметници учествуваат на „Сигет“ во Будимпешта

Архитектот Марија Христовска Стевковска и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ на овогодишното јубилејно 25. издание на еден од најголемите европски музички фестивали, „Сигет“ во Будимпешта, изработија архитектонскo-скулптурална инсталација „Pleasure letters“ (Букви за уживање).

Инсталацијата функционира и како уметничко дело и како дел од забавните содржини на фестивалот. Таа претставува собиралиште на посетителите и вклучува различни содржини.

Иницијалната идеја произлегува од користењето/играњето со буквите од името на фестивалот.

Секоја буква е пресоздадена во објект/ простор за различни активности: одмор, дружење, интерактивно фотографирање, игра итн. Изработени се шест објекти со вкупна должина од 25 метри. Изработени се од различни материјали: метал, дрво, пластика, дигитални отпечатоци со цел да одговараат на различни намени.

Инсталацијата е дел од програмата на фестивалот „Арт оф фридом“, која им овозможува на младите креативци да ги презентираат своите идеи и таленти.

Фестивалот се одржува од 9 до 16 август. Минатата година го посетиле околу половина милион посетители.

Ова ова е првпат македонски визуелни автори да добијат можност да се претстават во рамки на ликовната програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП