9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПица која не дебелее: Седум начини да ги намалите калориите

Пица која не дебелее: Седум начини да ги намалите калориите

Готвачот Паскал Козолино, автор на книгата „The Pizza Diet, Eat This, Not That!“ го открива најздравиот начин за намалување на калориите на едно од вашите најомилени јадења во светот, без жртвување на нејзниниот вкус – пицата.

1. Направете што е можно потенка кора. Освен што е преполно со калории и нагло го зголемува нивото на инсулин во крвта, тестото од бело брашно нема многу нитриенти. Добар избор би било и тестото направено од интегрално брашно.

2. Сечете ја пицата на помали парчиња. На тој начин ќе избегнете прејадување.

3. Намалете ја количината на кашкавал. Доколку не можете да го исфрлите целосно, посипете ја пицата со лажица пармезан (содржи само 22 калории).

4. Отстранете го вишокот масти. Доколку на површината се појават пливачки барички маст од кашкавалот, потопете ја таа маснотија со салфетка. Верувале или не, на овој начин можете да намалите до 40 проценти од калориите.

5. Избегнувајте сувомеснати производи. Наместо нив, најдобро е да направите медитеранска пица, со кромид, зеленчук (пиперки, домати) и маслинки.

6. Додадете зачини. Познато е дека чили пиперката и свежиот црн бибер го забрзуваат метаболизмот.

7. Доколку сте нарачале пица, не ја консумирајте од картонската кутија. Наместо тоа, послужете ја во помали чинии. Истражувањата на технолошкиот институт во Џорџија покажаа дека при консумирањето на храна во големи чинии луѓето внесуваат до 22 проценти повеќе калории, пренесува Бизнис Инсајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП