29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВладимир Кличко заминува во пензија (видео)

Владимир Кличко заминува во пензија (видео)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко, објави дека заминува во пензија. Кличко соопштението го објави на својата интернет-страница, која, поради голема посетеност, доживеа колапс и во еден период немаше пристап до неа.

Објавата на Кличко е неочекувана бидејќи пред само неколку дена беше најавено дека на 11 ноември ќе го има реваншот против Британецот Ентони Џошуа, од кого загуби во април.

Украинецот во професионалниот бокс дебитира во 1996 година откако претходно го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта.

Во профи-кариерата имал 69 меча, забележал 64 победи, од кои 53 со нокаут.

Првата титула светски првак ја освои во 200 година во верзијата на ВБО, а потоа ги освои и шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ИБО. Кличко 23 пати успешно ја бранеше шампионската титула. Рекордер е Џо Луис, кој светската круна успеал да ја одбрани 25 пати.

Кличко има 41 година, кариерата ја заврши со два пораза во низа, најпрвин од Тајсон Фјури во 2015, а потоа и од Ентони Џошуа во април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП