18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко Трамп сака трговска војна, ЕУ со радост ќе му ја даде

Ако Трамп сака трговска војна, ЕУ со радост ќе му ја даде

Ако претседателот на САД, Доналд Трамп навистина сака трговска војна, Брисел ќе е повеќе од среќен да му ја даде, пишува во својата анализа интернет изданието „Politico“.

Трамп тешко дека можеше да избере полош момент, за да упатува закани за царините за европската челична индустрија. Од другата страна на Атлантикот службениците регрутираат уште поголема увереност катализирана и од принципиелниот договор со Јапонија. Затоа и Брисел изгледа се насладува на изгледите за трговска војна, за која смета дека не може да ја загуби, нагласува весникот.

„Генералната дирекција за трговијата на Европската комисија (ЕК) е совршено подготвена за тоа“, вели Пјер Дефрејн, шеф на кабинетот на поранешниот европски комесар за трговијата Паскал Лами.

По неколку месеци на стигматизација на странските производители на челик и алуминиум, Трамп се откажа од преземањето на итна акција под притисок на локалните лоби групи, кои стравуваат од трговски конфликт. Американскиот претседател сепак вети дека ќе направи нешто „наскоро“.

Во ЕК малкумина сметаат дека тој ќе се впушти во „крстоносна“ војна, за да ги заштити работниците од челичниот сектор, бидејќи ЕУ обезбедува 14% од увозот на челик во САД. Сепак, Комисијата има подготвен список на американски производи, против кои ќе преземе против-мерки.

Брисел, всушност е подготвен, бидејќи веќе ја има играно оваа игра, потсетува весникот. Кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш донесе „привремени мерки“ против увозот на челик од ЕУ и други земји во 2002-ра година, Комисијата и тогаш нападна со некои земјоделски производи.

Во меѓувреме искуството на Брисел да води преговори за трговски договор со САД се покажа целосна катастрофа најмногу за односи со јавноста, се наведува во анализата. Останаа да висат прашањата за безбедноста на храната и меѓународните арбитражни судови.

Брисел е подготвен и за друг вид одмазда ако ги затегнат американски санкции против Русија во кои се засегнати европски компании и енергетската безбедност на блокот. Предупредувањата се дека реакција може да има подолго време.

Опасноста за Европа, сепак, е дека оваа војна може да се прошири така што ќе стане своеволена на сите фронтови, особено во услови на трговските односи со Кина и евтиниот кинески увоз. Некои аналитичари сметаат дека Комисијата само се грижи за кинескиот дампинг и нејзините предлози за справување со него и не прават ништо за запирање на протокот на евтини стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП