6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРедуцирајте го стресот!

Редуцирајте го стресот!

stres

Чувствувате дека обврските ви тежат? Редно време е да се опуштите. Можеби немате многу слободно време на располагање, но со пронаоѓањето на вистинските методи се е полесно. Ова се седум чекори кои ќе ве опуштат и ослободат од стресот.

„Нахранете“ се со сонцето

Околу пладне доволно е да се изложите себеси на сонце десет минути. Испијте го кафето на отворено и прочитајте го омилениот магазин. Или не правете ништо, само „впијте“ го сонцето. Светлината делува како напивка за среќа. Плус, витаминот Д кој го добивате со изложувањето на сончева светлина, ви ги зајакнува коските и го подобрува имунитетот.

Дружете се со вашите миленичиња

Домашните миленичиња можат да ви помогнат кога сте под стрес. Галете го вашето маче, грижете се за вашето куче или гледајте ги рибите во аквариумот. Докторите тврдат дека тоа го намалува крвниот притисок и го редуцира нивото на стрес. Ако немате милениче, посетете некој ваш пријател кој има или погалете го слаткото маченце кое го најдовте на патот.

Закажете си масажа

Вработените навистина имаат еден куп обврски. Па затоа заслужуваат релаксација. Масажата може да ве опушти и опорави како од физичка така и од психичка работа. Станува збор за вашето здравје. Издвојте си малку време за една масажа. Не мора да биде многу ексклузивна, доволно е што половина час ќе се опуштите и ќе ги оттргнете мислите од вашите обврски.

Зборувајте за себе

Најдете време кога и вие и вашите пријатели сте слободни. Кажете им дека ви е потребен разговор. Зборувањето за себе не е знак на себичност (секако, доколку не се случува постојано). Ќе се изненадите колку работи имате да кажете. Кажувањето на вашите грижи е речиси половина изминат пат до ослободување од нив, додека зборувањето за своите обврски ви дава чувство на контрола. Не би смееле да се жалиме постојано, така би им здодеале на луѓето. Но, некогаш е добро да си го олесните товарот. За тоа служат пријателите!

Хранете се здраво

Исхраната влијае на се, на вашето здравје, изглед и начин на живот. Избегнувајте грицки и чоколади доцна навечер. Не прескокнувајте оброци. Јадете многу овошје и зеленчук. Контролирајте го стресот со одржувањето на вашата виталност и здравата исхрана. Колку и да имате обврски, не прескокнувајте го ручекот. Одвојте макар десет минути.

Победете го лошиот ден со смеа

Денот ви бил лош, па што? Му се случува секому. Победете го чувството на тага и огорченост со смеа. Настрана од мисли за шефот кој ве изнервирал или колегата кој не можете да го поднесете. Најавете дека имате важна работа и дека не би сакале да бидете вознемирувани. Вклучете го компјутерот и пребарувајте смешни сцени од филмови и серии. Вие го заслужувате тоа, не чувствувајте грижа на совест. Станува збор за 10-15 минути, време резервирано за вас.

Декорирајте

Кога го одржувате чист и среден просторот во кој работите, канцеларијата или домот, имате контрола над работите. Бидете организирани и декорирајте го просторот околу вас. Поставете некакво зелено растение и миризливи свеќи со арома терапија. Значително ќе го намалите нивото на стрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП