19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските банки ќе платат најмалку 270 милијарди долари за своето однесување при...

Светските банки ќе платат најмалку 270 милијарди долари за своето однесување при кризата

Пред деветте години по глобалната финансиска криза американските и европските инвестициски банки издвоиле резерви за 273 милијарди долари за казни и други судски трошоци поврзани со некоректно однесување, посочува „Moody’s“. Речиси половина од платени парични казни се за работа со т.н. „токсични“ хипотеки во САД, коментира „Quartz“.

Во последните две години овие огромни правни санкции конечно почнаа да се намалуваат. Во 2016-та година банките издвоиле 19 милијарди долари во споредба со 33 милијарди долари во 2015-та година и врвните 59 милијарди долари во 2014-та година, вели „Moody’s“. Во исто време американските банки веќе плаќаат помалку од европските колеги. Банките во САД ќе платат 2,9 милијарди долари за правни трошоци во минатата година, додека оние во Европа сеуште очекуваат тешки парични казни за своите активности, поради што износот достигна 16 милијарди долари.

Од гледна точка на одделните доверители „Bank of America“ е најмногу погоден. Од 2008-ма година Американскиот банкарски гигант издвои 73 милијарди долари за санкции, следен од „JPMorgran“ со 40 милијарди долари.

Од европските банки „Royal Bank of Scotland“ морал да планира најмногу резерви – малку под 30 милијарди долари од 2008-ма година. Минатата недела на „RBS“ и беше наредено да плати 5,5 милијарди долари од американската Сојузна агенција за домување за продажба на „токсични“ хипотекарни обврзници меѓу 2005-та и 2007-ма година.

„RBS“ беше најголемата американска банка вмешана во нелегалните практики кои доведоа до кризата со високоризични хипотеки, и сеуште чека посебна парична казна за ваква дејност од американското Министерство за правда. „RBS“, која се уште е на три четвртини сопственост на британските даночни обврзници по спасувачкиот заем во најдлабоката криза, не излегла на годишна добивка од 2007-ма година.

Оценките на „Moody’s“ покажуваат дека „RBS“, „UBS“, „Barclays“ и „HSBC“ се уште треба да платат казни од околу 9,6 милијарди долари поради своите постапки со хипотекарните обврзници. Следната сфера каде вкупните казни се најголеми, е лажната продажба на други финансиски производи. Една третина од платените казни се во оваа врска, особено во Велика Британија, каде што банките извршиле измамена продажба на осигурување за заштита на плаќањата и производи за „хеџинг“ на каматните стапки. Британските банки веќе исплатиле околу 35 милијарди долари на клиенти за лажна продажба на осигурителни производи.

Злоделата не завршуваат тука. Против „Deutsche Bank“ се води кривична истрага за руски „огледални трансакции“, а четворица поранешни извршни директори на „Barclays“ се соочуваат пред кривични обвиненија поради начинот на кој привлекле капитал од Катар во 2008-ма година.

Федералните резерви на САД неодамна пак ја казни француската банка „BNP Paribas“ со 246 милиони долари за „опасна и несигурна“ валутна трговија. Износите може и да не се толку страшни колку порано, но долгите правни кошмарите на банките воопшто не се завршиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП