28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските компании имаат стекнато 1,84 илјади милијарди долари кеш на крајот на...

Американските компании имаат стекнато 1,84 илјади милијарди долари кеш на крајот на 2016-та

Технолошките гиганти „Apple“, „Google“ и „Microsoft“ седат на планини од кеш, а поголемиот дел од нив се наоѓа далеку од американскиот даночен обврзник, коментира „CNN Money“.

Овие три технолошки гиганти држеле вкупно 464 милијарди долари кон крајот на минатата година, покажува новиот извештај на „Moody’s“, објавен во средата.

Само „Apple“ поседува запрепастувачка сума од 250 милијарди долари во кеш благодарение на годините гигантски профит и неколкуте големи превземања. Со износот компанијата може да го купи „Netflix“ три пати. Сумата е и повисока од билансот на секоја голема индустрија, со исклучок на технолошкиот и здравствениот сектор.

Според „Moody’s“ оценуваните нефинансиски компании во САД се стекнале со вкупно 1,84 илјади милијарди долари кеш кон крајот на минатата година. Тоа е за 11% повеќе во однос на 2015-та година и речиси двапати и половина повеќе во однос на 2008-ма година. Околу 1,3 илјади милијарди долари – 70% од износот се држи во други земји, каде што парите не подлежат на американското оданочување. „Apple“, „Alphabet“ – сопственикот на „Google“, „Microsoft“, „Cisco“ и „Oracle“ заедно држат 88% од кешот надвор од земјата.

„Moody’s“ вели дека планините пари надвор од земјата ги одразуваат „негативните даночни последици“ од евентуалното конечно враќање на средствата во САД. Администрацијата на Трамп понуди еднократен „даночен одмор“, за да ги охрабри компаниите да го вратат профитот дома. Министерот за финансии Стивен Манучин изјави во март, фактот дека „Apple“ ги „поседува сите овие пари“, е симптом на повисоката корпоративна даночна стапка во споредба со оние на другите земји. „Зошто би ги вратиле парите назад, плаќаат огромни суми пари?“, рече Манучин тогаш.

Полните со пари американски компании покажуваат колку повеќе здрави се тие по „Големата рецесија“. Неподготвеноста на корпорациите да ги трошат овие пари сепак ја запира обновата. Кешот кој едноставно си стои во билансот се пари кои не се вложуваат во инвестиции за создавање на нови работни места, како нови фабрики.

И покрај тоа „надуените“ сметки за капитални трошоци на американските компании се распадна со 18% минатата година до 727 милијарди долари минатата година, рече „Moody’s“. Голем дел од овој пад се должи на падот на нафтената индустрија, кој принуди голем број на компании да го задржат кешот, одложувајќи ги инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП