28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДесет унгарски поети на 20 век

Десет унгарски поети на 20 век

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Десет унгарски поети на дваесетиот век“, во избор и препев на Паскал Гилевски.

На страниците од ова антологиско издание застапени се стихови од класиците на унгарската поезија: Андре Ади (1877-1919), Михај Бабич (1883-1941), Деже Костолањи (1885-1936), Атила Јожеф(1905-1937), Миклош Радноти (1909-1944), Леринц Сабо (1900-1957), Ѓула Илјеш (1902-1983), Шандор Вереш (1913-1989). Ласло Наѓ (1925-1978) и Ференц Јухас (1928 – 2015).

Со препевот на стиховите од најзначајните унгарски поети на дваесеттиот век, писателот и преведувач Паскал Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

Публикувањето на македонски јазик на делата на репрезентите на унгарската поезија говори и за неговото чувство за градење пријателство и за трајно приближување на возбудливите пораки на поетите од светски глас, пишува Раде Силјан во препораката на изданието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП