Дамјан Пејчиноски, светски познатиот гитарист од Охрид, со џез темите и македонски етно композиции ги освои срцата на младите Кинези.
Пејчиноски, со своето трио, настапи на Фестивалот на културата (China Cultural Season Festival) во кинескиот град Ланжу, каде ја доби наградата „екселенс ин перформанс”.
Триото на Дамјан Пејчиноски се претстави со џез теми и македонски етно композиции во сопствен аранжман.
Настапот на Дамјан Пејчиноски трио предизвика големо внимание во тамошната јавност.