24 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(06.05 – 10.05.2013)

 

 

Изминатата недела со четири трговски денови, гледано низ призмата на бројките, изгледаше како една од подобрите недели од почетокот на годината. Се реализира промет од 54 милиони денари на сите пазари, двата индекси на акции беа во плус,  МБИ-10 порасна за +0,61%, МБИД за +0,28%, а како настан за одбележување е одржувањето на Годишната конференција на Македонската берза. Ако се навлезе во структурата на прометот, лесно ќе се воочи дека во редовното тргување повторно сликата останува иста. 18,8 милиони денари беше промет од трансакции со обврзници за денационализација (35% од вкупниот промет) и ако кон овој промет се додаде и тргувањето со две акции, Герас Цунев конфекција Струмица и Туртел Штип, кои многу ретко се тргуваат на берзата, а кои неделава реализираа двете заедно промет од 16,3 милиони денари (30% од вкупниот промет), повторно констатираме дека прометот во редовното тргување бил минимален. На Конференцијата на берзата, ништо ново, се образложија проблемите со кои се соочуваат берзата, брокерските куќи и инвестициските фондови, не се стави акцент успешните стории од претходната година, без коишто е пеколно тешко да се мобилизира капиталот од домашните субјекти (кога веќе странските ги нема), а кои

Покрај овие акции, минатата недела најтргувана беше акцијата на Кјуби Македонија АД Скопје, кај која после подолг период се појави куповен налог на 2.000 денари (претпоставка е дека Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе докупува од акциите и после успешната јавна понуда). Се реализираше промет од 4,9 милиони денари и тоа е можност за оние кои се премислиле во врска со прифаќањето на јавната понуда, да ги продадат акциите на Кјуби Македонија Скопје токму сега. Промет од над милион денари остварија уште и акциите на Реплек Скопје – 2,6 милиони, Комерцијална банка Скопје – 2,2 милиони денари, Алкалоид Скопје – 1,8 милиони денари и Пелагонија Струмица – 1,3 милиони денари..

На регионалните берзи. SBI10 неделата ја заврши со посериозен пад од -3,66%, Crobex забележа неделен пад од -1,32%, Белградскиот Belex забележа пад од -0,50%, додека софискиот Sofix имаше пораст од +2,09%.

Берзите во САД трета недела по ред запишуваа рекордни вредности на своите индекси, приота не покажувајќи никакви знаци дека релито може да сопре во следниот период. DOW JONES имаше раст од +1,00% на неделно ниво и во петокот достигна ново максимално ниво од 15.118 индексни поени. NASDAQ неделата ја заврши со раст од +1,29%, достигнувајќи ниво од пред 12 години во времето на „бумот на ИТ компаниите“.S&P 500 неделата ја заврши со пораст од +1,65%. Европските берзи на крилата на американските, потпомогнати со добрите финансиски состојби што се отчитаа во Германија и Велика Британија, имаа силен неделен раст. DAX забележа неделен пораст од +2,05%, FTSE 100 ја затвори неделата со раст од +1,59%, додека францускиот CAC 40 имаше раст од +1,20%. Намалувањето на каматните стапки на повеќето централни банки на неколку земји од Далечниот исток влијаеше стимулативно врз порастот на азиските индекси. NIKKEI 225 имаше пораст од +6,85% HANG-SENG забележа пораст од +1,74%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП