26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најголемите градови во светот во 2100-та година

График на денот: Најголемите градови во светот во 2100-та година

Доколку ја погледнете современата карта на повеќето населени градови на планетата, ќе забележите дека тие се релативно еднакво распределени низ светот, коментира „VisualCapitalist“.

Метрополи како Москва, Њујорк, Токио, Каиро или Рио де Жанеиро се оддалечени еден од друг, имаат многу различни географски и културни карактеристики и практично секој континент денес има барем еден од 20-те најголеми населени градови во светот.

Во иднина работите ќе бидат многу различни, покажуваат прогнозите на „Global Cities Institute“. Всушност во наредните околу 80 години некои градови ќе бидат буквално 10 или 20 пати поголеми, претворајќи се во гигантски мегаградови, чие население ќе биде релативно блиско по големина со тоа на цели земји како современа Германија, Франција или САД.

Најинтересен дел? Ниту еден од овие градови нема да биде во Европа, Кина, Австралија или Америка. А анимираниот график подолу покажува токму како некои градови ќе отпаѓаат како најголемите во светот за сметка на други.

Според прогнозите на „Global Cities Institute“ четирите најголеми градови во 2100-та година ќе бидат:

Лагос

Лагос веќе е една од најголемите метрополи во Африка, а и еден од најбрзо растечките градови во светот.

Всушност тој расте толку брзо што никој не знае колку точно е голем. Проценки на ОН покажуваат дека во 2011-та година населението му било 11,2 милиони жители, а следната година „The New York Times“ тврди дека веќе достигна најмалку 21 милиони лица. Оценките на „Global Cities Institute“ покажуваат дека населението ќе достигне 88,3 милиони лица до 2100-та година, претворајќи го во најголемиот град во светот.

Лагос веќе е центар на западноафриканската трговија и финансии, но амбициозните планови не застануваат тука. Во моментов градот го гради „Eko Altantic“ – масивен нов станбен и трговски регион, кој се рекламира како „Менхетен на Нигерија“.

Киншаса

Кога луѓето ќе се сетат за Демократска Република Конго, растечките метрополи како целина не е првото нешто што им доаѓа на ум.

Но Киншаса, пред група мали рибарски села, веќе го надмина Париз како најголем франкофонски град во светот. А до 2100-та година ќе е втор по големина град на планетата со население од 83,5 милиони лица.

Прогнозите покажуваат дека околу 60% од 17-те милиони луѓе кои живеат таму до 2025-та година, ќе бидат под 18 години. Токму затоа начинот на кој градот ќе се соочи со образованието е од витално значење за идниот напредок на Киншаса.

Дар ес-Салам

Дали сте слушнале за Дар ел-Салам – танзанискиот мегаград во кој ќе живеат 73,7 милиони лица во 2100-та година?

Во моментов повеќето луѓе не знаат многу за него, но неговото население ќе се зголеми со извонредни 1588%, претворајќи го во третиот по големина град во Африка и во светот.

Интересно е дека Источна Африка ќе биде дом на многу од најголемите градови во светот во иднина – и доста од нив како ќе се појавуваат од никаде. Вклучувајќи се Блантјре и Лилонгве во Малави и Лусака во Замбија, на пример. Повеќето луѓе на Запад, најверојатно дури и не слушнале за овие градови, но населението ќе достигне над 35 милиони лица.

Мумбаи

Градот, кој ќе заврши меѓу првите 4 на мегаградови е Мумбаи, кој веќе е еден од најголемите градови во светот со над 20 милиони лица.

Како главен град на забавата во Индија ќе биде интересно како Мумбаи ќе се развива во текот на годините – и каква ќе биде разликата помеѓу него и други мегаградови како Делхи и Калкута, кои исто така ќе бидат со население од над 50 милиони жители.

 

Courtesy of: Visual Capitalist

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП