3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБлагоја Куновски во жирито на фестивалите во Карлови Вари и Минхен

Благоја Куновски во жирито на фестивалите во Карлови Вари и Минхен

Благоја Куновски Доре, филмски критичар, долгогодишен селектор и сегашен директор на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, е член на жирито на два престижни филмски фестивали што се одржуваат деновиве.

На 52 издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, кој трае од 30 јуни до 8 јули, годинава Куновски е член на тричлената оценувачка комисија за наградата „Федеора“, значајно филмско признание кое го доделува Федерација на филмските критичари на Европа и Медитеранот.

Оваа федерација е формирана во Кан, 2010 година, а наградата Федеора се доделува за време на релевантните интернационални филмски фестивали. Во Карлови Вари, престижната награда „Федеора“ се доделува во категоријата најдобар филм.

На филмскиот фестивал во Минхен, кој се одржува од 22 јуни до 1 јули, Благоја Куновски – Доре е член на тричленото жири на исклучително влијателната меѓународна федерација на филмски критичари и новинари ФИПРЕСЦИ, која доделува награда за најдобар филм. Годинава, покрај Куновски, членови се Вица Симинова од Русија и Лук Имхан од Холандија.

Интернационалниот филмски фестивал во Минхен постои од 1983 година, а годинава е домаќин на околу 2000 филмски професионалци од светот и 500 акредитирани новинари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП