8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го избегнете јо-јо ефектот на диетите

Како да го избегнете јо-јо ефектот на диетите

Секој човек барем еднаш во животот се обидел да се придржува кон одредена диета. Денес кога слабото, одржано тело е моден хит, нема како да останете рамнодушни на диетите.

Да, точно е дека со помош на диета се губат килограми, но што се случува откако ќе престанете да се придржувате кон неа? Ако не им одолеете на искушенијата од брзата пржена храна, алкохолот и слаткото, килограмите повторно ќе нападнат. Тоа е добро познатиот јо-јо ефект на диетите.

За да не се случи тоа и да ги задржите посакуваните килограми за кои толку многу сте се труделе да ги достигнете, не треба да ги прекршувате следните правила:

Јадете бавно. Уживајте во храната, додека ја јадете бавно. Вашето тело ќе ви каже кога сте најадени пред да сте претерале. Никогаш не јадете пред телевизор, затоа што ви го одвлекува вниманието и најверојатно ќе внесете повеќе храна, отколку што ви е потребна.

Зголемувајте ги порциите постепено. Ако сте биле на диета 10 дена, тогаш во наредниот месец треба постепено да го зголемувате количеството храна што го консумирате. Во никаков случај не му се враќајте на стариот начин на живот, кој што претходно ви ги донел вишокот килограми.

Внесувајте свежа храна. Избегнувајте ја конзервираната и замрзнатата храна. Подобро е зеленчуците и овошјето да ги јадете свежи без да ги готвите. Така тие ќе содржат помалку калории и ќе ги задржат сите витамини и минерали.

Растоварете го организмот. Одберете си еден ден во месецот во кој ќе јадете само овошни плодови. Ако не сте обожавател на овошјето консумирајте и зеленчуци. Поиздржливите од вас можат да преминат еден ден само на течности како чаеви и 100% природни сокови.

Кажете и „не“ на храната после 19 часот. Избегнувајте ја храната во доцните вечерни часови. Последниот оброк нека ви биде 2-3 часа пред спиење. Така организмот ќе има доволно време да ја обработи пред да заспиете.

Бидете активни. Заседнатиот начин на живот е најголем сојузник на вишокот килограми. Затоа, по завршувањето на диетата зголемете ја вашата физичка активност. Движете се пешки колку што е можно почесто. Прескокнете го лифтот и искачувајте ги скалите. Одете на прошетки во природа и занимавајте се со спорт неколку пати во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП