Нова глобална економска криза се „раѓа“ во економиите во развој и би можела да биде полоша од претходната, предупредуваат експертите.
Пазарите во развој, како што е кинескиот, покажуваат исти сигнали дека нивните економии „прегреваат“ како што се случи во Велика Британија и САД пред големата финансиска криза во 2008-ма година, покажува годишниот извештај на Банката за меѓународни порамнувања (BIS).
Клаудио Борио, шефот на монетарното и економско одделение во „BIS“ вели дека новата рецесија би можела да „дојде сo одмазда“, и дека на крајот би можела повеќе да личи на „финансиски бум кој тргнал спротивно“.
Банката за меѓународни порамнувања која е позната и како централна банка на централните банки која ги предупредува за новите проблеми кои и се закануваат на светската економија.
Таа предвидува дека централните банки ќе бидат принудени да ги зголемат каматните стапки откако со години беа на рекордно ниско ниво, со цел да се борат со инфлацијата која го „загуши“ растот.
Групата предупредува на закани предизвикани од растот на долгот во државите како што е Кина и на порастот на протекционизмот, како што е онаа во САД под раководство на Доналд Трамп.
Кинескиот корпоративен долг речиси двојно се зголеми од 2007-ма година и сега достигна 166 проценти од БДП-то, додека долгот на домаќинствата порасна до 44 отсто од БДП-то во минатата година.
Американската бонитетна агенција „Мудис“ во мај за прв пат од 1989-та година го намали кредитниот рејтинг на Кина од „A1“ нa „Aa3“, проценувајќи дека друга светска економија влегува во периодот на предупредувања, зголемување на долговите и општо финансиско слабеење, и тоа покрај неодлучните посткризни реформски напори на Пекинг.
Според најновата прогноза на „Мудис“, Кина до крајот на деценијата значително ќе го забави економскиот раст: од 10,6 oтсто во 2010-та година и денешните околу 6,5 проценти на пет посто за две ипол години. Предвиденото забавување на Кина, според „Мудис“, ќе биде предизвикано од намалувањето на инвестициите, демографското отселување на работоспособното население и продолжениот пад на продуктивноста.
Од „Мудис“ се убедени дека во истовреме вкупниот неподмирен долг на Кина само ќе продолжи да расте во блиска иднина.
Светската економија се уште се опоравува од финансиската криза и кризата на еврото која следеше.