4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Музејот за култура поплавата загрози вредни икони

Во Музејот за култура поплавата загрози вредни икони

По невремето на 14 јуни кога вода навлезе во просториите на „Музејот на Македонија“ министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, лично ја проценил настанатата состојба уште истата вечер при што констатирал дека се доведени во опасност движните добра во Музејот кои се прогласени за културно наследство.

„Од увидот констатиравме дека, особено во просторијата на Галеријата на икони, каде што се сместени повеќе дела со непроценлива вредност, постои големо оштетување на плафонот и инсталациите. Се работи за претходни оштетувања, што се случиле на на третти март во просторијата во Галеријата на икони. За жал, и покрај итноста на состојбата, веќе неколку месеци овие оштетувања се уште не се отстранети.

Министерот Алаѓозовски, од четирите установи кои работат во доменот на заштитата на културното наследство, Управата за заштита на културното наследство – Скопје, НУ „Музеј на Македонија“ – Скопје, НУ „Национален конзерваторски центар“- Скопје и НУ „Конзерваторски центар на Скопје“ – Скопје, побара итно да преземат соодветни мерки за заштита на движното културно наследство, особено на Галеријата на икони, во која е сместено бесценето културно наследство од особено значење за државата. Од овие установи е побарано итно да формираат заедничка стручна комисија, која ќе ја утврди настанатата штета, и ќе преземе итни мерки за санација, обезбедување сигурност на движното културно наследство од Галеријата на икони и обезбедување на соодветни просторни и микроклиматски услови за овие дела„; стои во соопштението од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП