26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТинејџери неприметно влегле на "Олд Трафорд"(видео)

Тинејџери неприметно влегле на “Олд Трафорд”(видео)

Група тинејџери кои се занимаавт со паркур минатата недела ги откри сите „дупки“ во безбедносните протоколи на стадионите. Ова се случува во време кога Англија и цела Европа стравува од терористички напади.

Тинејџери на возраст помеѓу 16 и 18 години, утрото воочи на хуманитарниот натпревар на Мајкл Керик, влегле на стадионот на Манчестер Јунајтед.

И додека за нив целата акција била само добра забава, јавноста во Англија е бесна и се прашува што ќе се случеше доколку утрото пред мечот на кровот на „Олд Трафорд“ бил некој со многу поопасни намери, од оние кои ги имале тинејџерите.

На хуманитарниот меч на Мајкл Керик на „Олд Трафорд“ присуствуваа 70.000 гледачи.

Тинејџерите целата своја забава ја снимале, а снимките се објавени на „Instagram“ и „You Tube“.

Полицијата „акцијата“ на паркур тинејџерите ја нарекла неодговорна, бидејќи на неколку часа пред натпреварот морале да го прегледаат целиот стадион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП