29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМНТ гостува на Народно позориште од Белград

МНТ гостува на Народно позориште од Белград

Во рамките на фестивалот “МНT фест”, што ќе трае до 13 јуни под мотото „Создаваме на светов убавина“, вечерва на репертоарот е Народниот театарот „Иван Вазов“ со „Дон Жуан“. На последниот фестивалски ден ќе гостува Народно позориште од Белград со Никола Ристановски во главната улога.

В недела ќе има МНТ фест за деца, кога ќе се изведат претставите за деца „Силјан штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“ и документарниот филм „Право кон ѕвездите“. Идејата, како што информира МНТ, е во иднина да има интернационална детска програма.

Во рамки на фестивалот има две работилници. Првата е ликовна колонија каде десетина млади сликари ќе работат портрети на наши актери, а втората е за театарска фотографија. Млади фотографи ќе ги фотографираат претставите кои доаѓаат, а потоа ќе има изложба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП