7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на хрватскиот превод на романот „Скриена камера“ на Лидија Димковска

Промоција на хрватскиот превод на романот „Скриена камера“ на Лидија Димковска

Писателката Лидија Димковска денеска на авторска вечер ќе го промовира хрватскиот превод од својот роман „Скриена камера“ на 10. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, кој се одржува во Риека, Хрватска. Преводот го објави ВБЗ од Загреб, во едицијата „Низ Европа во 30 романи“.

На настанот ќе учествуваат и преведувачката на романот, проф. Борјана Прошев Оливер, и хрватските новинари Војо Шиљак и Кораљка Пенавин.

На фестивалот во Риека со свои книжевни претставувања и разговори учествуваат реномирани европски и хрватски книжевни имиња ,како Александар Хемон, Славенка Дракулиќ, Владимир Пиштало, Кларе Азопарди, Срѓан Ваљаревиќ, Клаудио Магрис, Слободан Шнајдер, Беке Чуфај и други.

На завршната книжевна вечер, на 9 јуни, на Велики Лошињ, Лидија Димковска ќе учестува на читањето заедно со хрватските писатели Зоран Фериќ, Драго Гламузина, Ивица Пртењача и Беким Сејрановиќ.

Покрај „Скриена камера“ во издание на ВБЗ, на хрватски е објавен и нејзиниот роман „Резервен живот“ кој повеќе седмици беше на топ-листата на најчитани книги на издавачката куќа „Љевак“ од Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП