13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСпорно одржувањето на ИФФК „Браќа Манаки“

Спорно одржувањето на ИФФК „Браќа Манаки“

Инаку, најголемиот жив директор на фотографија, Ѓузепе Ротуно, човекот што го стави потписот зад камерата на ремек делата на Федерико Фелини „Амаркорд“, „Казанова“ , „Сатирикон“ и други, како и на „Волк“ на Мајк Николс, и оскаровецот „Сиот тој џез“ на Боб Фос, е годинешниот лауретат на „Златната камера 300“ за животно дело.

Скандалозна неизвесност во врска со одржувањето на 38. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаќи“, бидејќи Агенцијата за филм сè уште не дала одговор на апликацијата на Друштвото на филмски работници, како организатор на фестивалот. Ова го соопштија директорот на фестивалот Благоја Куновски-Доре, селекторот на фестивалот Гена Теодосиевска и Роберт Насков, претседател на асоцијацијата на филмаџиите, на денешната прес-конференција на која беше објавен и добитникот на наградата за животно дело.

Најголемиот жив директор на фотографија, Ѓузепе Ротуно, човекот што го стави потписот зад камерата на ремек делата на Федерико Фелини „Амаркорд“, „Казанова“ , „Сатирикон“ и други, како и на „Волк“ на Мајк Николс, и оскаровецот „Сиот тој џез“ на Боб Фос“, е годинешниот лауретат на „Златната камера 300“ за животно дело. Иако, селекцијата на врвните остварувања што треба да бидат дел од програмата на ова фестивалско издание е направена, и одработен е најголем дел од активностите што го следат фестивалот, доколку Агенцијата не даде позитивен одговор за една недела, организаторите велат дека тој нема да може да биде одржан.

– Агенцијата за филм се однесува како фестивалот да е нејзината приватна сопственост, и нè држи во неизвесност, иако најголем дел од активностите за организација на претстојното издание се направени. Појавувањето на нов организатор како апликант до годинешниот конкурс беше апсурдно бидејќи ДФРМ е основач и организатор на овој фестовал безмалку четири децении. Овие опструкции му штетат на фестиваското реноме, како една од најзначајните филмски смотри на мапата на фестивали, и како културна манифестација која била гостин на неброени значајни имиња од светот на филмот, рече Насков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП