21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Рената Поповска во Кинотека на Македонија

Изложба на Рената Поповска во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот аматер Рената Поповска.

Делата, околу 60, работени исклучиво од природни материјали: камен, дрво, коноп, ја раскажуваат убавата страна на животот, камената безвременска енергија и вечната љубов.

Водејќи се од својот креативен дух и моќта на природното, Поповска создава творештво кое само по себе е предизвик. Ова е нејзино прво претставување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП