26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпјутерскиот колапс ќе ja чини British Airways 100 милиони долари?

Компјутерскиот колапс ќе ja чини British Airways 100 милиони долари?

Падот на компјутерскиот систем, кој остави илјадници летови на „British Airways“ на земјата во текот на викендот, би можел да ја чини авиокомпанијата над 100 милиони долари.

Во саботата „British Airways“ ги откажа сите летови од двата најголеми лондонски аеродроми по паѓање во технолошкиот систем. Падот беше предизвикан од проблеми со струјата што го брануваше системот за пораки на авиокомпанијата, а засега нема податоци за учество на хакери, објавија од компанијата.

Уште летови беа откажани во неделата, а долгите одложувања и другите откажувања продолжија и во понеделникот. Од авиокомпанијата најавија дека вкупно 75.000 патници биле погодени од овој проблем.

Вкупните трошоци на компанијата за плаќање на надомест, враќање на пари за билети, вработување на дополнителен број вработени и изгубени приходи може да изнесуваат меѓу 80 милиони фунти (102 милиони долари) и 100 милиони фунти (138 милиони долари) според Робин Бајд, аналитичар на авионската индустрија во „Cantor Fitzgerald“.

Еднодневен пад на системот на компанијата чини околу 30 милиони фунти (39 милиони долари) само од пропуштените приходи, според Стив Фурлонг, аналитичар во „Davy Research“, цитиран од „CNN Money“.

Основниот расходи во случајот ќе се надоместат. Во зависност од тоа колкав ќе е бројот на луѓето кои ќе ги побараат, според Фурлонг износот може да достигне околу 50 милиони евра (56 милиони долари.

Патниците на летовите извршени од европски авиокомпании до и од земји во ЕУ имаат право на компензација во износ од помеѓу 250 евра (280 долари) и 600 евра (670 долари) секој во зависност од нивниот пат.

Повеќето патници на летовите на „British Airways“, кои беа откажани во текот на викендот, би требало да имаат право на компензација.

Цената на акциите на компанијата мајка на „British Airways“, „IAG“ падна со 2.7% во понеделникот.

Аналитичарите сметаат дека падот е малку веројатно да има долгорочен ефект врз приходите на компанијата. Според Фурлонг превозникот најверојатно изгубил по околу 4 милиони фунти. Оперативниот профит на ден во текот на споменатиот период (компанијата имаше близу 1,5 милијарди долари оперативен профит во 2016-та година).

„Ова е ПР кошмар и огромна непријатност за патниците, но на пазарот речиси не му е гајле за настани како овие и веројатно тоа ќе биде третирано како еднократна случка“, вели Фурлонг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП