1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Негација во каузалните реченици“ од Бојан Петревски

Промоција на „Негација во каузалните реченици“ од Бојан Петревски

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ утре, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на лингвистичката студија „Негацијата во каузалните реченици“ од Бојан Петревски. Оваа научна студија е во издание на „Македонска реч“.

Во трудот авторот ја рекапитулира историјата на проучувањата на негацијата и изнесува свои согледувања за карактерот на негацијата во каузалните реченици во македонскиот јазик, при што ги поткрепува со голем број примери.

Промотори на книгата се проф. д-р Анета Дучевска и проф. д-р Димитар Пандев.

Бојан Петревски е докторант на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП