Доколку боледувате од дијабетес, клучно е да обрнете внимание на она што би требало да го јадете и на тоа што треба да го избегнувате.
Бројни експерти за дијабетес и нутриционисти издвојуваат четири здрави хранливи материи (влакна, омега 3 масни киселини, калциум и витамин Д, кои се важни во исхраната на дијабетичарите. Нив најмногу ги има во следните намирници…
Грав
Тој е богат со влакна кои помагаат да се чувствувате сито, го стабилизираат шеќерот во крвта и го намалуваат холестеролот. Добар извор на калциум, минерал кој помага во согорувањето на мастите.
Млечни производи
Нема да најдете подобар извор на калциум и витамин Д кој значително ги намалува изгледите за равој на дијабетес од млекото, сирењето и јогртот.
Лосос
Лососот е богат извор на витамин Д и омега 3 масни киселини, здрави масти кои го намалуваат ризикот од срцеви болести, воспаление и го подобруваат отпорот на инсулин.
Јачмен
Оваа житарка е богата со одреден вид на растворливи влакна бета-глукан кои можат да го намалат вкупниот и лошиот ЛДЛ холестерол.
Бобичесто овошје
Богато е со влакна и антиоксиданти кои се нарекуваат полифеноли, а кои се добри за срцето. Тоа придонесува за пад на крвниот притисок и раст на добриот ХДЛ холестерол.