15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБитолскиот театар со претставата „Без паника“ гостува во Канада

Битолскиот театар со претставата „Без паника“ гостува во Канада

Актери на Битолскиот театар вечер, во Медовел театарот во Торонто, ќе ја изведат претставата „Без паника“.

Комедијата „Без паника“, работена според текстот на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски, во 2014 година беше прогласена за „претстава на годината“, а вечер во Торонто ќе биде одиграна по 75 пат.

Aктерите во претставата се: Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања. Во комедијата доминира еден безвременски текст, разбирлив на сите јазици и во секоја држава, и затоа и во Торонто постои голем интерес за овој проект.

Билетите по цена од 30 долари одамна биле распродадени, што значи вечер во 20 часот по локално време ќе има прекрасен амбиент за изведба на претставата.

Во претставата користена е музика од повеќе изведувачи, преводот е на Оливера Павловиќ, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП