3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако функционирате под стрес?

Како функционирате под стрес?

stress2

Ви се расипа автомобилот, доцните на работа, важиот работен ден започнал лошо, а вие сте под стрес. Дознавте дека некој ваш колега се интересира за вашето работно место, потклекнувате пред работните обврски, за два дена треба да завршите некоја работа а вие не сте ја започнале, губите контрола…..

Како функционирате под стрес?

 

Како ги решавате сите овие проблеми? Се разбира никој не сака да работи под притисок, но ако веќе добиете некоја задача која што треба да ја завршите во најкраток рок, а со тоа ви се поместуваат сите претходни планови, потрудете се да не се парализирате.

Немојте да ве мачи тоа што постојат и такви кои се побрзи и поефикасни од вас. Признајте им ги нивните способности, а вие задоволете се со тоа дека плановите ги исполнувате побавно, но совесно и темелно.

 

За да избегнете работа под притисок, потребно е да имате добро разработена тактика, која не подразбира откажување од проблемот како решение на проблемот, затоа што деловните можности во тој случај ќе ве заобиколуваат.

Ако вие се прашувате предност би му дале на мирниот живот, но треба да бидете свесни дека животот не е онаков каков би сакале да биде. Вонредни ситуации има во изобилство!

 

Доколку сте стабилна личност свесна за своите способности, тогаш ќе можете да се изборите со сите проблеми и повремени емотивни кризи.

Кога еднаш ќе прифатите некој предизвик, важно е само да верувате во позитивен исход. Во сооднос со тоа треба да правите се за да ја постигнете целта. Чувајте ја динамичната и борбената личност во себе. Секој предизвик што се појавува пред вас е испит на издржливост.

 

Наместо да ве фаќа паника при појава на тешки ситуации, ненадејниот прилив на адреналин искористете го за да функционирате беспрекорно тогаш кога најмногу ви треба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП