29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаградената Елизабета Линднер Костадиновска ќе изложува во „Концепт 37“

Наградената Елизабета Линднер Костадиновска ќе изложува во „Концепт 37“

По повод наградата која „Концепт 37“ ѝ ја додели на третото издание на саемот за современа уметност „Паратисима“, на 17 мај ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметницата Елизабета Линднер Костадиновска.

Наградата на Елизабета Линднер Костадиновска и беше доделена за колажот со текст Стејт оф арт (State of Art) (2015). Ќе бидат изложени колажи со текст, цртежи, цртежи со текст, текст со цртежи – тоа се „техниките“ на делата од кои произлегуваат и експериментални текстови/песни.

Освен актуелните дела, посетителите ќе имаат можност да разгледаат и „ликовни документи“ од далечното минато на авторката. По претставувањето на изложбата на Линднер во „Концепт 37“, која ќе биде отворена 7 дена, ќе има забава со Шурбе и специјално одбрана „плејлиста“ од пријатели.

Елизабета Линднер Костадиновска е родена во Скопје во 1971 година. Дипломирала германистика на универзитетот во Скопје (2001), потоа заминaла во Германија каде студирала современа германска литература и славистика на универзитетот во Регенсбург, каде во 2005 година и магистрирала. Во 2006 година се преселува во Берлин, каде оттогаш живее и работи самостојно како литературен преведувач, книжевен уредник, поетеса, авторка, уметница, но интензивно соработува на проекти во Скопје, особено со „Блесок“ и Игор Исаковски.

Добитничка е на повеќе награди и бројни стипендии за литературен превод, превела повеќе книги на македонски, пишува и преведува поезија на германски, уредник е на порталот „СловоКулт“. Нејзините уметнички дела учествувале на повеќе групни изложби во Берлин, Скопје и на Бош фестивалот во Гевгелија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП