13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетска книга на Филип Клетников

Поетска книга на Филип Клетников

В четврток (11 мај), во киното „Фросина“ (МКЦ), со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на третата поетска книга на Филип Клетников, „Метафизички сино“.

Метафизички сината поезија ќе биде претставена во несекојдневна синергија со театарска игра во изведба на „Театар 007“. „Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.

Во својот оглед кон ова поетско остварување, истакнатиот филозоф и критичар Ферид Мухиќ, нагласувајќи го фактот дека станува збор за „книжевен настан од прв ранг“, ќе подвлече дека „Метафизички сино“ е „вистински поетски едикт за животот и смртта“, кој „во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином ‘животот/смртта’ посредуван со централната метафора ‘влезот/излезот’“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП