26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој губи од санкциите против руската нафтена индустрија?

Кој губи од санкциите против руската нафтена индустрија?

Американската компанија „Exxon Mobil“ страда од санкциите на Западот, наметнати на руската нафтена индустрија, пишува во коментар „Fox News“. Истото сепак не може да биде кажано за голем број на големи компании, вклучувајќи и за руските во овој сектор.

Во 2014-та година Европската унија (ЕУ) и САД воведоа санкции против Москва, со што сакаа да ја казнат земјата за анексија на Кримскиот полуостров. Како резултат беше ограничен пристапот на новите технологии за нафтената индустрија во земјата.

Мерката мораше да влијае главно на ископувањето на нафта и природен гас од длабоките води на Црното Море и операциите во Арктикот, како и во Сибир.

Тоа е и причината главната компанија која страда од овие ограничувања, да е „Exxon“ – ископувањето во крајбрежните води на Русија е дел од нејзините главни активности во последниве години, во кои соработува со „Роснефт“.

„Exxon“ се обиде да добие дозвола да работи со рускиот партнер во Црното Море, но беше одбиена од администрацијата на Доналд Трамп.

Европските компании сепак ја продолжуваат својата соработка со руската нафтена индустрија започната пред воведувањето на санкциите. На британската „BP“ пример и беше дозволено да го задржи својот удел од 20% во „Роснефт“, што нејзе и донесе 590 милиони долари од нето приходот во 2016-та година.

Исто како дел од соработката со „Роснефт“, италијанската „Eni“ се подготвува за студии во Баренцово Море кон крајот на годината. Од компанијата прецизираа дека имаат дозвола од ЕУ за учество во овој проект и покрај санкциите.

Ограничувањата не влијаат и на други големи европски компании, меѓу кои „Total“ и „Shell“. На „Shell“ и беше дозволено да учествува во финансирањето на проектот „Северен поток 2“ – продолжување на постојниот гасовод по дното на Северното Море, за кој во Брисел се уште нема единствен став.

Санкциите не се одразуваат суштински и на руската индустрија – во 2016-та година ископувањето било 11 милиони барели на ден, што е рекордно високо ниво, забележува уште „Fox News“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП