9 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна од најбогатите земји во светот е и еден од најголемите онлајн...

Една од најбогатите земји во светот е и еден од најголемите онлајн пирати

Пиратеријата се намалува веќе со години, благодарение на стриминг услугите како „Netflix“ и „Spotify“ кои нудат достапни каталози од филмови, телевизиски емисии и музика.

Неодамнешните студии исто така покажуваат дека нелегалното симнување на авторски содржини се намалува. Посетите на пиратстки сајтови се намалија за 6% повеќе од минатата година, пишува „Quartz“.

Но аргументот дека стриминг услугите ќе го направат пиратството во нешто застарено, би можел да биде реален, само ако „Netflix“ и „Spotify“ се достапни во земјите кои има најмногу пиратерија, при тоа по пристапни цени. Новите податоци на „Muso“, компанија која прави технологија против пиратеријата, покажуваат дека корисниците во земјите со пониски приходи, почесто посетуваат пиратски сајтови. Со еден исклучок на Сингапур.

Сингапур е четврта најбогата земја во светот според Светската банка. И покрај тоа нејзиното население се рангираше на деветтото место по најголем број посети на пиратски сајтови по глава на жител. На овој начин Сингапур се приклучува кон далеку посиромашните земји како Романија, Белорусија и Украина, прецизира „Quartz“.

Иако „Netflix“ е достапен во сите земји во светот, освен во четири, таа не ги прилагодува цените, така што ќе одговара на локалните пазари. Значи луѓето во Киев треба да плаќаат по 7,99 евра (8,72 долари) месечно за најевтината претплата, а истото важи и за луѓето во Париз и Франкфурт, на пример. Но, тоа може да е луксуз за некој кој заработува по 2.429 евра годишно. „Spotify“ не е достапен во некои од земјите со најсилно пиратство, како Белорусија, Грузија и Украина.

Не е јасно зошто сингапурците толку многу користат пиратски сајтови, затоа што лесно можат да си дозволат да плаќаат за стриминг услуги.

„Muro“ тврди дека претпочита нејзините податоци „сами да зборуваат за себе“ и не се обидува да објаснува причините за она што се забележува. Компанијата наведува студија од 2014-та година, дело на компанијата за истражување „Sycamore Research“, што покажува дека седум од десет млади сингапурци на возраст меѓу 16 и 24 години признаваат дека активно превземаат нелегално музика, филмови и телевизиски емисии. Шестмина од секои десет возрасни пак тврдат дека поран симнувале нелегално онлајн содржина.

Во 2014-та година Сингапур воведе закон за авторски права, кој им овозможува на носителите на правата да бараат од интернет провајдерите да ги блокираат веб-сајтовите, кои содржат пиратски материјали. Две години подоцна, како што изгледа, апетитот на сингапурците кон бесплатна онлајн забава останува голем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП