14 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре стартува „Скопје креатива“

Утре стартува „Скопје креатива“

Фестивалот „Скопје креатива 2017“, кој почнува утре и ќе трае до 6 мај, ќе се одржува под мотото „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!

„Она што нè води напред, и што нè донесе до годинешното, шесто издание, е сè поголемиот интерес кај пријавените учесници и гости на фестивалот. Ни претставува големо задоволство што имаме сè поголем број креативци бидејќи целта на овој фестивал е спојување на креативците со бизнис секторот“, рече денеска Вера Бошковска, директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“.

Бошковска додаде дека мотото на фестивалот годинава е „Креирај, кокреирај!“ Земјите во Европа веќе одамна го активираат креативниот сектор во креирање на политиките во развојот на креативните индустрии на национално и на локално ниво. Настанот има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал .

„Скопје креатива“ ќе биде од отворен карактер и сите заинтересирани ќе можат да учествуваат во работилниците, а настаните се бесплатни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП