23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнадолу Ефес и Реал Мадрид на чекор до завршниот турнир во Евролигата

Анадолу Ефес и Реал Мадрид на чекор до завршниот турнир во Евролигата

Кошаркарите на Реал и Анадолу Ефес се на чекор до пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако во средата славеа во дуелите со Дарушафака, односно Олимпијакос и во четвртфиналните серии поведоа со 2-1.

Реал гостуваше во Истанбул и славеше кај Дарушафака 88:81. Играчите на Пабло Ласо од почетокот го наметнаа ритамот, во првата четвртина создадоа предност од 14 поени, на полувреме имаа вишок од 13 кошеви, а во еден момент во третата чевртина стигнаа и до 19 поени предност (68:49).

Дарушафака успеа да се врати во натпреварот, на нецели пет минути до крајот со поените на Вонамејкер стигна до негатива од три коша 77:74, но Реал го одби тој напад и успеа да победи.

Љуљ и Керол постигнаа по 21 поен за Реал, а Дарушафака ја предводеше Жижиќ со 20 поени.

Ефес по победата во Атина, успеа да го победи Олимпијакос и во првиот меч кој во оваа серија го одигра на домашен терен. Ефес славеше со 64:60, а клучна за победата беше серијата од 14:0 која домашните кошаркари ја направија кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме.

Данстон беше најефикасен кај Ефес со 16 поени, а Ертел постигна 13, додека Спанулис со 15 кошеви беше единствениот со двоцифрен учинок во редовите на Олимпијакос.

Натпреварите број 4 од овие серии ќе се одиграат в петок, а домаќини повторно ќе бидат истанбулските тимови Дарушафака, односно Ефес.

Пласман на завршниот турнир веќе обезбедија ЦСКА Москва и Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП