
Бизнис Конфедерација на Македонија со нови препораки за бизнис климата во земјата


Бизнис Конфедерација на Македонија со нови препораки за бизнис климата во земјата
Нашето приоритетно делување и главен фокус се однесува на подобрување на целосната социо – економска состојба во земјата. Целта ни е да влијаеме на позитивна промена на социјалните и економските показатели, на нивниот раст секој засебно како и на целокупниот ефект врз состојбите и со самото тоа да придонесеме и да ја направиме Македонија подобро место за живеење.
Преку советување, толкување на законите, низ пренесување на добри практики од странство, бидејќи сме вклучени како членови во бројни меѓународни организации за унапредување на управување со бизнис, конкурентност и продуктивност. Со индивидуално советување, лобирање за заедничките, но и поединечните интереси на малите и средните компании, застапување на интересите по сектори пред институциите ја подобруваме нивната позиција и со тоа го поттикнуваме нивниот раст и развој. Ги поврзуваме во мултифункционална мрежа на повеќеслојни деловни релации и со тоа придонесуваме за создавање на поцврста пазарна позиција.
Најголемата корист и придобивка за една компанија, наш член е креирањето деловна политика во нивно име. Попрецизно тоа значи, она што компаниите имаат желба да го постигнат, да го остварат како деловна цел или она што им претставува некаква пречка во нивниот просперитет, ние како одговорност и ризик го преземаме, со цел да ја застапуваме и да ги премостиме тие пречки за нивна корист. Следно што компаниите добиваат од нашата поддршка е вмрежувањето. На овој начин се пренесуваат стандарди, знаење и практики од меѓународните бизнис практики. Не помалку важно е промовирањето пред меѓународната – светска и Европска бизнис асоцијација и директното вклучување во најголемата глобална мрежа на работодавачите, којашто спојува 150 организации на работодавачи, членови на Меѓународната организација на работодавачи (The International Organisation of Employers- IOE).

Неодамна направивме една кампања низ цела Македонија, со која што опфативме околу 15 градови и во текот на истата имавме средби точно со менаџерите и сопствениците на малите и средните компании. На овие средби, беше зборувано за платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Како едни од главните проблеми за време на нашата кампања најмногу се зборуваше за можностите за пристап до финансии, честото менување на законите, присутната корупција и потребата од владеење на правото во насока на овозможување на правна и регулаторна средина и претприемачка култура. Наше издоено мислење генерално за состојбата во бизнисите во Македонија е врзано со претприемачка култура, односно самото знаење да се води бизнис и да се биде усогласен според законите и стандардите во земјата.
Покрај предизвиците со кои се соочуваме од аспект на политичка нестабилност и тоа не само во последно време, туку генерално, како и недоволната способност за водење бизнис и почитување на кодексот на претприемачка култура, сепак уште многу треба да се работи. Затоа што секогаш може да биде подобра и сите би можеле да ја оцениме како добра и поволна за водење бизнис доколку суштински и објективно учествуваме во креирањето на политиките и стратегии за водење бизнис.
Потребно е да создадеме позитивно и функционално деловно окружување и тоа токму со политиките кои се базираат на основните принципи и потреби за спроведување на добра деловност. Во наведените предлог политики претендираме кон бескомпромисно и строго почитување на правната регулатива и регулаторна средина, создавање на средина каде се почитува моќта на владеење на правото, да се овозможи рамноправен за сите пристап до финансии, да ја заштитиме лојална конкуренција и да се обучиме во духот на претприемачката култура. Доколку ги исполниме сите овие услови ќе создадеме услови за добро функционирање на компаниите.
Mногу може и тоа и го правиме. Преку застапеноста во разните владини комисии како и односите што ги имаме воспоставено со Владата, синдикатите и други државни органи. Ги артикулираме интересите и секторските проблеми преку секторските здруженија. Ги поврзуваме со национални и меѓународни институции и организации, ние директно и индиректно ја менуваме и подобруваме бизнис климата во државата.
