26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминација на Богдановиќ, Фенер до 2-0 во Атина

Доминација на Богдановиќ, Фенер до 2-0 во Атина

Турскиот шампион Фенербахче маршира кон завршниот турнир во Евролигата, откако забележа нова победа над Панатинаикос и по двата меча во Атина води во четвртфиналната серија води со 2-0. Фенербахче славеше во вториот натпревар 80:75.

Панатинаикос подобро го отвори натпреварот успеа во првите пет минути да стигне до двоцифрена предност (16:6) на која Фенербахче одговори со 11 поени во низа.

Од тој момент турскиот шампион ја одржуваше предноста, а во последниот период влезе со седум поени повеќе од противникот.

Панатинаикос успеа да се врати во мечот, Џејмс и Риверс иницијара серија на домаќинот 10:2 за водство 68:65.

Сепак во последните пет минути во ритам повторно влезе најдобриот играч на Фенербахче, Богдановиќ, кој со седум поени во последните четири минути ја најави победата на тимот од Истанбул, која во последните 30 секунди од линијата за слободни фрлања ја потврдија Диксон и Слукас.

Перо Антиќ за разлика од првиот меч доби место во ротацијата, одигра осум минути и во статистиката запиша три поени и два скока.

Жељко Обрадовиќ, во текот на целиот натпревар користеше само осум играчи, а тројца од нив Богдановиќ, Калиниќ и Удох одиграа по 35 минути.

Најзаслужни за вториот брејк на Фенербахче беа Богдановиќ (25 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Удох (22 поени, 9 скока и по една асистенција и блокада). Најефикасен кај Панатинаикос беше Џејмс со 22 поени.

Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во вторник, во Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП