Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,115.52 -0.08%    GRNT 1,010.00 -2.42%    MPT 72,010.00 -0.01%    RMDEN18 98.70 0%    STIL 91.00 -1.09%    TEL 306.00 -0.57%    TNB 16,600.00 0%    

Потпишан Меморандум меѓу ФЕИТ и СОСУ „Илинден“ – младите да останат во Македонија

Време: 16:01

Датум: април 20, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Потпишан е меморандум за соработка помеѓу Факултетот за Електротехника и Информациски технологии – ФЕИТ и Средното Општинско Стручно Училиште „Илинден“, со главна цел се поттикне квалитетниот кадар и да се создадат услови за младите да останат во Македонија.

Меморандумот го потпишаа деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Димитар Ташковски, директорот на Средното Општинско Стручно Училиште „Илинден“, Зоранче Арсовски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

„Овој меморандум е една почетна точка и за Училиштето, и за Факултетот. Во неколку насоки сакаме да ги подобриме условите за работа и на учениците, и на студентите, преку заеднички проекти, литература, опрема, организирање семинари, натпревари и обуки, и не само за нив, туку и за професорите и наставниците. Нашата идеја е да создадеме што поповолни услови и да ги охрабриме младите да почнат сопствен бизнис, бидејќи тие се полни со квалитетни идеи“, рече деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Димитар Ташковски.

Средното училиште „Илинден“ е основано во 2013-та година од Општина Илинден. Има осум паралелки со 256 ученици, од кои 2 паралелки т.е. 63 ученици се матуранти годинава. Наставните програми кои ги нуди училиштето се Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар за електроника и телекомуникации.

Директорот на училиштето, Зоранче Арсовски, рече дека е задоволен од досегашното функционирање и условите за работа кои ги нуди училиштето, но смета дека надоградбата на наставниот кадар е исто толку важна.

„Сметам дека надоградбата на наставниот кадар е многу важна. Би било убаво да се разменуваат искуствата со факултетот и да се организираат некои меѓународни натпревари. Ова треба да се прави најмногу поради младите, за постојано да можат да се дообразуваат и усовршуваат. Ние би сакале и да го пробудиме интересот на основците за овие струки бидејќи иднината е во техничките насоки“, изјави директорот Арсовски.

Градоначалникот на Општина Илинден упати апел за поддршка на младиот кадар како наша иднина, во насока на стипендирање на најквалитетните и најсолидни ученици, од страна на компаниите.

„Задржувањето на младите во Македонија треба да почне уште веднаш. Ние како Општина имаме меморандуми со неколку компании кои треба да влезат во производство, и затоа сметам дека ова е одлична можност и за компаниите да ги поддржат квалитетните кадри уште како среднисти, па понатаму преку Факултетот да се затвори кругот на нивното образование кога компаниите би ги преземале како свои вработени. Фирмите би можеле да ги следат младите уште додека учат средно образование, да им овозможат обуки или стипендии додека се на факултет, за на крај да имаат веќе готов квалитетен кадар“, изјави градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Со потпишување на овој меморандум се очекува зголемување на квалитетниот кадар во Македонија и поттик за надоградба на истиот преку размена на искуства на наставниот кадар, смислување на заеднички проекти и меѓународни натпревари, но и задржување на младите во државата преку идеи и поддршка за создавање на сопствен бизнис.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Американскиот советник за климатски промени Џонатан Бенкс: Воведете стандарди за печките во домаќинствата, а во зградите парно

    Американскиот советник за климатски промени Џонатан Бенкс: Воведете стандарди за печките во домаќинствата, а во зградите парно

    “Немате стандарди за печките на дрва, на јаглен, на нафта, на мазут, на пелети, а токму нивното воспоставување е можеби наједноставниот чекор од низата што…

  • ММФ ги обновува преговорите со Киев за нов кредит

    ММФ ги обновува преговорите со Киев за нов кредит

    Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во четврток ќе ги продолжи преговорите за новата кредитна програма за Украина, соопшти меѓународната финансиска институција. Украина и ММФ се…

  • Ангеловска: Директна поддршка на приватниот сектор со 6,7 милијарди денари од буџетот за 2020

    Ангеловска: Директна поддршка на приватниот сектор со 6,7 милијарди денари од буџетот за 2020

    Приватниот сектор е важен генератор за економски раст и затоа Владата останува посветена на креирање на соодветни политики како одговор на клучните предизвици со кои…

  • Облачно со повремен дожд и ветер

    Облачно со повремен дожд и ветер

    Претежно облачно време со слаб до умерен ветер ќе преовладува денеска во државата. Претпладне особено на истокот од државата ќе има врнежи од дожд и…

  • Пензиите ќе растат-дупката во ПИОМ алармантно се зголемува

    Пензиите ќе растат-дупката во ПИОМ алармантно се зголемува

    Една милијарда евра за исплата на пензиите на 320.000 пензионери во наредната 2020 година проектираше Владата во Буџетот. Околу 50 милиони евра ќе чини покачувањето…

  • Колку Македонија има успешни мажи?

    Колку Македонија има успешни мажи?

    Дали мажите кај нас се џентлемени во вистинска смисла на зборот? Да се биде успешен не значи да се остваруваат најголемите профити или да се…

  • Раст од 12,8 проценти на туристите во септември, најбројни од Турција

    Раст од 12,8 проценти на туристите во септември, најбројни од Турција

    Во септември годинава во државава се регистрирани 122 645 туристи, со 275 892 ноќевања, при што во однос на септември лани има раст од 12,8…

  • Се откажаа од барање работа: Најголем пад на вработеноста за четири години

    Се откажаа од барање работа: Најголем пад на вработеноста за четири години

    Бројот на вработени во Обединетото Кралство падна во третиот квартал заклучно со септември, што укажува на слабеење на британскиот пазар на труд. Според весникот Guardian,…

  • Буџетот за 2020 година 3,89 милијарди евра, рекордни инвестиции во човечкиот капитал

    Буџетот за 2020 година 3,89 милијарди евра, рекордни инвестиции во човечкиот капитал

    Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,898 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна…

  • Извештај: Во 2018 година во Северна Македонија се донирани околу два милиони евра

    Извештај: Во 2018 година во Северна Македонија се донирани околу два милиони евра

    Во 2018 година се забележани 581 единечни случаи на донирање во добротворни цели во Северна Македонија, а со донации во земјата се собрани околу два…