19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦСКА славеше против Басконија, брејк на Фенер во Атина

ЦСКА славеше против Басконија, брејк на Фенер во Атина

Плејофот во кошаркарската Евролига започна во вторникот со победи на ЦСКА и Фенербахче. Европскиот првак ЦСКА поведе во серијата со Басконија, откако во Москва славеше 98:90, додека Фенербахче направи брејк во Атина и со победата над Панатинаикос 71:58.

ЦСКА се мачеше против Басконија, иако два пати во текот на мечот имаше двоцифрена предност. Басконија, со тројката на Ларкин, на три минути до крајот стигна до предност 86:88, а до крајот на натпреварот следуваше серија 12:2 на ЦСКА за конечни 98:90.

Теодосиќ го предводеше победникот со 22 поени и пет асистенции, додека кај Басконија најефикасен беше Ларкин со 17 поени.

Фенербахче успеа да направи брејк на „жешкиот“ терен во Атина, победи 71:58. Интересно ова е првата евролигашка победа на Фенербахче во Атина по серијата од десет порази. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше во составот на Фенербахче, но не влезе во игра.

Фенер успеа да победи иако противникот во првото полувреме водеше со 14 поени. Фенербахче во мечот се врати со серија 2:16, а потоа рутински го совлада противникот.

Богдановиќ со 23 поени, пет скока и четири асистенции, односно Калиниќ со 16 поени (4/6 тројки) го предводеа турскиот шампион, додека Риверс со 16 и Џејмс со 14 беа најефикасни во редовите на Панатинаикос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП