25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена Звезда поведе со 2:0 и е на чекор од третата титула...

Црвена Звезда поведе со 2:0 и е на чекор од третата титула во АБА лигата

Кошаркарите на Црвена звезда се на чекор до освојување на третата последовна титула во АБА лигата, откако во финалната серија против Цедевита поведоа со 2:0.

Црвена звезда, вториот меч од финалната серија во регионалното натпреварување, го доби со 84:73, а за разлика од првиот дуел кој лошо го отвори, во вториот уште од првата минута го наметнаа својот ритам и до полувремето го реши прашањето на победникот.

Првиот дел, бранителот на титулата го доби со 57:34, благодарение на цврстата одбрана и извонредниот шут за три поени (9/16). Црвена звезда од поле, во првиот дел, реалзираше 63 отсто од шутевите, за разлика од Цедевита која погоди 33 отсто.

Цедевита се обиде во второто полувреме, третата четвртина ја отвори со серија 2:10, а последната со серија 1:11, но Црвена звезда лесно ги одби тие напади на противникот.

Црвена звезда, слично како и во првиот меч, ја предводеше Џенкинс со 16 поени, 7 скокови и 4 асистенции, а двоцифрен ефект имаа уште Волтерс (14 поени, 5 асистенции), Дангубиќ (12), Митровиќ (10) и Гудуриќ (10).

Кај Цедевита најефикасни беа Билан со 12, Џејмс со 11, односно Боутрајт и Шурна со по 10 поени.

Третиот меч од серијата ќе се одигра в четврток, во Загреб, со почеток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП