6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Јавна соба ќе се одржи хуманитарна аукциска вечер

Во Јавна соба ќе се одржи хуманитарна аукциска вечер

На 11 април, вторник, во 19 часот во Јавна соба ќе се мрда со прст и ќе се организира хуманитарна аукциска вечер со познати уметнички имиња за дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ заедно со ХОПС ја организира аукциска вечер за да можат дечињата да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки и ќе го развиваат својот креативен ум. Помошта ќе им овозможи повеќе социјални активности и посети на културни настани.

„Ова ни беше мотивација да се организираме и исконтактираме луѓе кои би сакале да ни помогнат и за наша среќа многу уметнички и уметници прифатија“, изјави Ирена Мила од ХОПС.

Вечерта започнува во 19 часот кога Цако ќе се појави во улога на DJ за да ја загрее атмосферата со својата плеј листа. Во 20 часот започнува аукцијата каде Сашко Коцев ќе нѐ мотивира да купиме некое од делата на нашите уметници.

„Ќе имаме тивка аукција: ако сакате срамежливо и тивко да се наддавате за делата изработени од нашите дечиња и од уметниците, можете тоа да го направите на хартија. Тука имаме различни изработки, маици, чаши, лампи, фотографии, накит. Потоа тука е и гласната аукција каде ако сакате гласно да се наддавате. Ќе имаме и кутија за дарежливи рачиња, како и директна продажба на книги. Многу ни е драго дека се вклучија и самите родители на децата со свои дела кои заедно со познатите уметници ќе дадат посебен шмек на вечерта. Се радуваме дека со ова мрдање на прсти ќе разубавиме нечии животи“, додава Ирена.

Уметниците кои што се вклучија во хуманитарната акција се: Ване Костуранов, Зоран Кардула, Индог, Тони Попов, Вања и Катја Штркова, Ирина Тошева, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска, Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Dreadpen, Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво, Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски, Александар Р, Ирена Мила, Никола Пијаманов, Крсте Анастас Глигорјадис и Галерија Анагор, Маноли Динковски, Верица Пиперевска, Љупчо Бојаров, Alex Pette, Коста Клифов… По аукцијата ќе следи журка со DJ Goce SAF.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП