2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Хари Потер и проколнатото дете“ ги сруши рекордите во историјата на „Лоренс...

„Хари Потер и проколнатото дете“ ги сруши рекордите во историјата на „Лоренс Оливие“

Со 11 номинации, и речиси исто толку награди, пиесата „Хари Потер и проколнатото дете“ ги сруши рекордите во освоени награди, во историјата на доделувањето на престижната театарска награда „Лоренс Оливие“.

Освен за најдобра пиеса, наградите се доделени и за сценографија, осветлување, звук, костими, наградени се и тројца актерите и секако режијата на Џон Тифани.

Со многу пофални зборови и големо воодушевување од високо реномираното жири е соопштена и наградата за Џејми Паркер за улогата на Хари Потер.

Пиесата раскажува нови авантири за пријателите и волшепствата во училиштето за магија „Хогвартс“, 19 години по приказната на Џоу Рослинг. Пиесата е неверојатно популарна а драмските критичари ја обожуваат, пишува Гардијан.

„Ова е една од ретките тетарски пиеси кои навистина ја обземаа публиката. Не е налик на книгата, ниту на филмот, ова е навистина нов живот на приказната што се случува пред вас, подобро од кој било филм до сега“, се само дел речениците што критичарите ги пишуваат во своите рецензии за „Хари Потер и проколнатото дете“.

Наградата „Лоренс оливие“ е востановена во 1976 година а именувана е по големиот актер во 1984 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП