20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУникаха го освои Еврокупот

Уникаха го освои Еврокупот

Кошаркарите на Уникаха ја освоија титулата во Еврокупот, откако во третиот натпревар од финалната серија, победија во Валенсија 63:58. Титулата во Еврокупот на Уникаха и донесе пласман во Евролигата, во наредната сезона.

Валенсија играше и беше подобар противник во првите три четвртини, ја фрли Уникаха на колена, во пресрет на последните десет минути имаше предност 54:43, но потоа домаќинот влезе во „црна дупка“.

Валенсија промаши шест напади кога имаше предност од осум поени, не реалзиира девет удари за три поени и постигна само четири поени во последната четвртина.

Уникаха со серија 18:0 го презеде водството, а потоа победата ја завреи во последните 20 секунди од линијата за слободни фрлања.

Титулата во Европкупот по пауза од една година ја враќа Уникаха во елитната Евролига.

Најефикасни во победата на тимот кој го предводи Жоан Плаза беа Дијаз со 12 и Смит со 10 поени, додека Црногорецот Дубљевиќ со 16 поени беше најефикасниот играч на Валенсија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП