25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда убедливо до финалето во АБА лигата

Црвена звезда убедливо до финалето во АБА лигата

Кошаркарите на Црвена звезда славеа во третиот дуел против Будуќност 82:59 и се пласираа во финалето во АБА лигата, каде ќе ја бранат титулата против Цедевита.

Црвена звезда трета година во низа изборија пласман во финалето, во регионалната АБА лига, а втора година по ред ривал во финалната серија ќе им биде Цедевита.

Бранителот на трофејот, решавачкиот трет натпревар, против црногоргорскиот шампион Будуќност го доби со доминантна партија во второто полувреме.

Црвена звезда, во првото полувреме испушти предност од десет поени, но со доминамтна игра во третата четвртина, во која постигна 32 поени и создаде разлика од 20 поени го реши победникот.

Регионалниот шампион го предводеа Џенкинс со 17 поени и 6 асистенции, Симоновиќ со 14 поени, односно Кузмиќ со двоен ефект од 13 поени и 10 скокови.

Кај гостите најефикасни беа Савовиќ и Рејнолдс со по 16 поени.

Финалната серија во АБА лигата ќе започне на 10.април, а до титулата ќе стигне тимот кој прв ќе забелеѓи три победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП