4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделени наградите на овогодишниот Let’s CEE фестивал

Доделени наградите на овогодишниот Let’s CEE фестивал

Легендарниот унгарски режисер Бела Тар ја доби наградата за доживотно дело – „Звездата на Уранија“ (The Star of the Urania) на овогодишниот Let’s CEE фестивал во Австрија.

По овој повод, неговиот сонародник, унгарско-австрискиот публицист Пол Лендави одржа емотивен говор, потенцирајќи: „бидете храбри, не правете компромиси. Не чукајте на вратите, туку срушете ги“.

Во категоријата најдобра главна улога победи Атила Тил, исто така, од Унгарија со гангстерската комедија „Kills on Wheels“, каде играат актери – аматери во колички. Посебно внимание доби рускиот филм „The Student“ од Кирил Серебреников, кој предупредува на опасностите од фундаментализмот.

Во категоријата документарни филмови, каде се натпреваруваа десет различни филмови, победи романскиот филм „A Mere Breath“, претставен од Моника Лажурен-Горган, која слика тивок и деликатен семеен портрет додека ги снима нејзините протагонисти како се соочуваат со животот во текот на седум години.

„Illegitimate“ од романскиот режисер Адриан Ситару, „Death in Sarajevo“ од добитникот на Оскар, Денис Тановиќ и предизвикувачкиот унгарски политички дебитант „The Citizen“ од Роланд Враник си заминаа со празни раце.

Исто така, светската сензација и музички документарец „Liberation day“, која раскажува за одржан концерт на бендот Лајбах во Северна Кореја и личниот портрет на Зосја Родкевич „My Friend Boris Nemtsov“, не успеаја целосно да го убедат жирито да бидат наградени.

Во категоријата ветувачки дебитанти, каде за првото место се бореа единаесет неверојатни филмови, наградата ја добија Григор Лефтеров и Тодор Матсано за „Hristo“ – бугарско-италијанска копродукција. Оваа автентична социјална драма која што се врти околку адолесцент кој е бездомник беше наградена со наградата „Уранија“, дизајнирана од Тон Финк.

Понатамошните единаесет награди се доделуваа во категоријата кратки филмови под овогодинешното мото „World in Transition“. „Buzzing of a Bumblebee“ од Владимир Белдиан од Русија го доби првото место, а другата руска композиција „Masterpiece“ од Ирина Стороженко, словенскиот „A New Home“ од Жига Вирц и Азербејџанско-литванската продукција „Shanghai,Baku“ од Теимур Хајев добија пофални зборови.

Наградата од публиката во категоријата кратки филмови ја доби Олга Косановиќ за „Undercooling“, а српскиот режисер Милош Радович ја однесе наградата за неговата целосна продукција за трагичната комедија „Train Driver’s Diary“.

Наградата за најдобра актерска изведба беше доделена на хрватската актерка Ксенија Маринковиќ, која се појави во три различни продукции покажани на филмскиот фестивал Let’s Cee.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП