20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаестро Зоран Џорлев оваа година одбележува 40 годишнината од својата дружба со...

Маестро Зоран Џорлев оваа година одбележува 40 годишнината од својата дружба со виолината и музиката

Виолинската приказна со Зоран Џорлев започнува во далечната 1977 година, кога на само 10 годишна возраст, со само шест месечно дружење со виолината ја освојува првата републичка награда во тогашната СФРЈ.

Неговото име не е непознато на македонската јавност и на македонците ширум светот. Од една страна како менаџер на светски познатиот национален ансамбл “Танец”, од друга страна, првата македоска виолина и автор на незаборавните телевизиски емисии “Зора зори”, “Зајди зајди” и “По патот на песната”.

Магистерот по фолклористика, вљубеникот и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев, оваа, 2017 година ја одбележува 40 годишнината од својата дружба со виолината и музиката.

Во склоп на јубилејот предвидени се повеќе настани во текот на 2017 година:

  • Повеќе концерти од различен жанр и на различни локации низ Скопје и Македонија.
  • Издавање на ново ЦД со обработки на македонски забавни песни (како продолжение на ЦД-то ”НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ….” кое до ден денес е едно од најслушаните со инструментална изведба).
  • Издавање на ЦД со обработки на најпопуларните новогодишни композиции во нови атрактивни аранжмани.
  • Концерт во склоп на Скопско лето со нови атрактивни аранжмани кои ќе бидат изведени премиерно.
  • Видео спотови низ Република Македонија на композициите од ЦД-то ГЛАСОТ НА ВИОЛИНАТА на разни атрактивни места
  • Соработка и обработки на песни со атрактивни нови аранжмани како што е соработката со Сашо Ливрински кој како птва ја обработи РУМ ДУМ ДУМ
  • Како најголем настан и заокружување на 40-годишната работа е предвиден големиот јубилеен концерт кој ќе се одржи при крај на годината.

Имајќи ги предвид видот на програмата и бројот на учесници,  соодветен простор за одржување на концертот е салата Метрополис Арена или Македонска Опера и Балет, како што предложија голем дел фанови, колеги и пријатели на виолината на Џорлев.

На овој концерт, согласно со уметничката замисла на Џорлев, соло изведбата на неговата виолина ќе ја придружуваат звуците на симфониски оркестар составен од наши врвни музичари. Покрај симфонискиот оркестар планиран е,  и, Танцов, Народен и Поп-Рок оркестар, со оглед на богатиот репертоарот на Џорлев, кој изобилува со мелодии од сите жанрови, класични, евергрин, народни, поп, рок, џез итн…..

– Специјални гости од Македонија ќе учествуваат на концертот……

За аранжманите ќе се погрижат Дамир Имери, Кире Костов, Бедрија Синаноски Беџо и др. познати аранжерски имиња.

Гости од странство кои засега го потврдија учеството:

Петар Јованов (композитор, аранжер и пијано-Австралија), Бедрија Синаноски Беџо (композитор,аранжер и пијано-Канада),

Далибор Грубачевиќ (композитор,аранжер, пијано и диригент-Хрватска), Ненад Путник (композитор,аранжер и гитара – Словенија).

За жал се зависи колку средства ке бидат обезбедени бидејки досега немаме потврдено ниту еден спонзор?!

Како последен проект почнува реализацијата на шоуто со децата кои ке пеат македонски народни песни. Песните ке бидат закацени на сајтот на СТ Продукција и на сајтот на Зоран Џорлев

Ке се работи во копродукција со видео продукцијата Скендеровски.

За понатаму ке бидете известени навремено.

Во прилог список на песните кои ќе се пеат. И со кои ке вратиме многу заборавени песни, пеачи, композитори и слично кои беа изведени на многуте фестивали итн…..

  1. Абре, газда Стојане
  2. А бре, воденичаре
  3. Ацано, млада невесто
  4. Ах тие луди млади години
  5. Ај Ѓорушице црно око
  6. Ајде засвирете браќа свирачи
  7. Ако бевме заедно
  8. Ако си решила
  9. Ако згрешам
  10. Ангела
  11. Ангелина
  12. Анита
  13. Бабино девојче
  14. Бела Јано
  15. Билбил пее во градина
  16. Билјана
  17. Болен лежи млад Стојан
  18. Бор сашила мома Евгенија
  19. Босо моме
  20. Чедо си ми, мило си ми
  21. Чудна судба
  22. Цветините очи черешови
  23. Да сум бистра вода
  24. Дај ми надеж
  25. Дајте ми ја
  26. Дали чекаш стара мајчице
  27. Дали знаеш либе
  28. Давај ме мила мамо, давај ме
  29. Дедо мили златни
  30. Дејгиди луди млади години
  31. Дено Денице
  32. Добро ми дошле сватови
  33. Домаќине добри гости ти дојдоа
  34. Доста време ерген одев
  35. Друга љубов не сакам
  36. Две китки
  37. Едно срце имам
  38. Еј, свирачи
  39. Еј, свирачу
  40. Филизо моме Филизо
  41. Гина, Гина, лична Гина
  42. Граде мој
  43. Градел Илија Манастир
  44. Ино моме веселино
  45. Изникнало криво крувче медено
  46. Јанке ле Јанке убава
  47. Јано, Јанике
  48. Јано мори
  49. Јас те пратив на вода Калино
  50. Јас ти реков добровечер
  51. Како да ти речам
  52. Каљо, Калино девојче
  53. Камен да беше срцето
  54. Каранфилке моме
  55. Кажи, кажи облаче бело
  56. Кажи ми Наде вистината
  57. Кажи Рајне
  58. Ќе играм, ке пеам
  59. Кирјана вино продава
  60. Кога ќе остареш, кога ќе овенеш
  61. Кој ти ги даде тие црни очи
  62. Којшто ме чуе да пејам
  63. Куќа имам на Пелистер
  64. Лажат, лажат сите ергени
  65. Лено, Ленче
  66. Лилјана
  67. Љубена
  68. Љуби ме љуби
  69. Мајсторе, мајсторе
  70. Мамо кој чука на порти
  71. Мариче ле лично девојче
  72. Марија
  73. Маро, Марике, фидан бојлике
  74. Мите бекрија
  75. Молчи срце молчи
  76. Моминска клетва
  77. Моминска солза
  78. Не можам да те заборавам
  79. Не виткај се Софче
  80. Нема живот Ангелино
  81. Ноќва пеам само за неа
  82. Ноќва сакам да те будам
  83. О Јано, Јано убава Јано
  84. Од умот се подизгубив
  85. Оф, оф, мерак
  86. Ова е љубов
  87. Пара бери киселец
  88. Пеам да не заплачам
  89. Пеј со добро вино
  90. Пејам играм
  91. Пејте свирачи
  92. Полни, полни бре меанџико
  93. Прости ми
  94. Санок ле Надо
  95. Садила Јана леле
  96. Се собрале сватовите
  97. Се запали пиле Трено одајчето
  98. Седнав да вечерам
  99. Севдалино, малој моме
  1. Слегов долу во визбата
  2. Сношти го видов убавото Стојне
  3. Сношти Кате пак те видов
  4. Сношти минав покрај вази
  5. Солзи нека пресушат
  6. Стариот фенер
  7. Што си ми сине весело
  8. Судбо моја
  9. Сулејман седи на кулата
  10. Сум се родил мераклија
  11. Свадбарска
  12. Свени ми свени невене
  13. Свирете ми најтивко
  14. Там дека има високи чардаци
  15. Те кажувајет бре Илиној моме
  16. Тивко виолино
  17. Туѓино јабано
  18. Во црно вино утеха нема
  19. Во влашконо маало
  20. Врати се бела Марија
  21. Заиграј со мене ти
  22. Жаклина
  23. Запејте мераклии
  24. Запри дожду
  25. Зар можеш срцето да го делиш на две
  26. Заветна
  27. Дано ле Данче убава
  28. Земи оган запали ме
  29. Имате ли вино
  30. Јас си имам две комшивки
  31. По цели ноќи не спијам
  32. За жал се зависи колку средства ке бидат обезбедени бидејки досега немаме потврдено ниту еден спонзор?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП